СКОПЈАНКА НАЈДЕНА ОНЕСВЕСТЕНА НА АВТОБУСКА ВО ЃОРЧЕ 22 годишната девојка со Итна помош била пренесена на Токсикологија
Од министерството за внатрешни работи информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Вчера во 16.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на автобуска постојка на подрачје на Ѓорче Петров било пронајдено женско лице во безсознание и со возило на Итна медицинска помош лицето било пренесено на Клиника за токсикологија во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде и била укажана лекарска помош, информира МВР.
Како што додаваат оттаму, по извршениот разговор со неа било констатирано дека се работи за А.М.(22) од Скопје.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.