СЕ ИСТЕПАЛЕ РОДНИНИ И ТИНЕЈЏЕРКИ, МАНИЈАК ДОПИРАЛ ДЕВОЈЧЕ Со вжештени глави почна првиот летен месец
Со вжештени глави почна првиот летен месец, судејќи според денешниот полициски билтен. Издвојуваме дел од наведените физички пресметки, пожари и напади.
На 02.06.2023 во 19.36 часот било пријавено дека во меѓузоната на Граничниот премин Табановце настанал пожар во електрична инсталација на патничко возило „форд фокус“ со српски национални ознаки, управувано од С.М.(55) од Србија. Пожарот бил локализиран од присутни возачи кои чекале за влез во Македонија. Повредени лица нема.
На 02.06.2023 во 23.40 часот во Ресен од полициски службеници од Полициската станица Ресен бил лишен од слобода С.М.(59) од Ресен, поради тоа што околу 16.40 часот во паркче кај населбата Пролет во Ресен, се соблекол и допирал по телото малолетничка. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 02.06.2023 во 21.20 часот А.К.(45) од Скопје, пријавил дека околу 20.40 часот на подрачјето на Центар, во близина на угостителски објект, неговата малолетна ќерка била физички нападната од друга малолетничка.
На 02.06.2023 во 23.45 часот било пријавено дека во селото Волково бил нарушен јавниот ред и мир со меѓусебна пресметка. Имено, Т.Ј. (32), Ц.Ј.(66) и С.Б.Ј.(26), сите од Скопје, пријавиле дека околу 23.30 часот, Т.Ј. и Ц.Ј. физички биле нападнати од повеќе лица, по што настанала меѓусебна пресметка во која што биле употребени тврди и стаклени предмети. Во врска со случајот, С.Д.(31) од Волково, Х.Е.(37), Н.С.(53), С.С.(30) и Ф.Х.(32), сите од Скопје, изјавиле дека физички биле нападнати од страна на Т.Ј. и Ц.Ј..
На 02.06.2023 во 20.30 часот Т.М.(42) од Скопје пријавил дека околу 19.00 часот пред угостителски објект на подрачјето на Центар бил физички нападнат од А.А. и Е.А..
На 02.06.2023 во 20.30 часот Р.Б.(53) од Скопје пријавил дека околу 19.45 часот на подрачјето на Бит Пазар бил физички нападнат од Ф.Н..
На 02.06.2023 во 15.10 часот М.В.(21) од Скопје, пријавил дека околу 12.45 часот, во селото Долно Лисиче, Скопско, бил физички нападнат од Ф.Т..
На 02.06.2023 во 18.30 часот Р.Р.(34) од Скопје пријавил дека околу 17.30 часот на подрачјето на Ѓорче Петров бил физички нападнат од неговиот роднина А.А.
На 02.06.2023 во 19.40 часот, З.Г. (68) пријавила дека околу 19.00 часот во Кочани била физички нападната од С.И., двете од Кочани.
На 02.06.2023 во 16.40 часот М.С.(59) пријавил дека во Струмица, по претходна расправија, бил физички нападнат од С.С., двајцата од Струмица.
На 03.06.2023 во 00.45 часот било пријавено дека пред угостителски објект во Кавадарци, по претходна расправија, бил нарушен јавниот ред и мир со меѓусебна пресметка помеѓу А.К.(40), Б.К.(38) и Џ.Р.(60) од селото Желино, од една страна, и А.Р.(25) и Д.М.(24), двајцата од Кавадарци, од друга страна.
На 02.06.2023 во 21.15 часот Ѓ.Б.(28) од селото Обршани, Прилепско, пријавил дека на влезот во селото бил физички нападнат од Б.Ѓ. од селото Крушеани.
На 02.06.2023 во 19.00 часот З.С.(51) од Битола пријавил дека околу 13.30 часот во угостителски објект во Битола бил вербално нападнат од едно лице кое имало пиштол, но набрзо било отстрането од локалот. За настанот е известен Јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 02.06.2023 во 19.46 часот било пријавено дека во Куманово бил нарушен јавниот ред и мир со меѓусебна пресметка помеѓу Г.М.(53) и Г.Ѓ (43), двајцата од Куманово.