ВРАБОТЕНИТЕ ВО ЖЕЛЕЗНИЦИ ДЕНЕСКА ШТРАЈКУВААТ 2 ЧАСА Се закануваат со масовен собир во понеделник ако не бидат исплатени платите

Доколку ова не го натера раководството да ги исплати платите, вработените се закануваат на масовен штрајк од понеделник.

373

Вработените во Македонски железници – Инфраструктура денеска штрајкуваат два часа поради тоа што им доцнат платите, дознава Плусинфо.

Штајкот започнал попладнево и е предупредувачки на ниво на цела Македонија. Според изворот, доколку ова не го натера раководството да ги исплати платите, вработените се закануваат со масовен штрајк од понеделник.

Поврзани содржини