ЛУЃЕТО ГЛАСАА ЗА ШЕСТЕ КАМУФЛАЖИ НА PEUGEOT 3008 Дизајните ќе бидат произведени и тестирани ова лето

Имаше илјадници придонеси од јавноста на различните страници на социјалните медиуми на брендот: Facebook, Instagram, Twitter и LinkedIn. Од десетте опции биле избрани шест со најмногу гласови. Камуфлажите ќе бидат произведени и користени за покривање на новиот Пежо 3008 кој ќе се тестира на европските патишта меѓу 15 јули и 15 август летово, а шест победници од пријавените кои ќе бидат извлечени ќе имаат можност и да го тестираат автомобилот во 2024 година.

217

Во својата најнова медиумска промоција, PEUGEOT ѝдаде можност на пошироката јавност да го избере дизајнот на камуфлажите што ќе ги користи новиот PEUGEOT 3008 при неговите последни развојни тестови на патиштата низ Европа.

Резултат: исклучителен успех на социјалните мрежи на брендот и изгласани 6 камуфлажни дизајни!






Во мај, десет иновативни и ефективни камуфлажни дизајни од дизајнерите на PEUGEOT беа поднесени на гласање на јавноста на социјалните мрежи на брендот. Овие десет дизајни ќе ги прикриваат формите на новиот PEUGEOT 3008 притоа влевајќи многу возбуда и креативност кај фановите,  преку инспириран и оптимистички пристап.

Имаше илјадници придонеси од јавноста на различните страници на социјалните медиуми на брендот: Facebook, Instagram, Twitter и LinkedIn.

Од десетте опции од дизајнерите на PEUGEOT, шесте кои добија најмногу гласови беа следните:

  • Боја од темата „Улична уметност“,
  • Menthol од темата „Оптичка уметност“,
  • Jazzy од темата „Proto’type“,
  • Neon од темата „Улична уметност“,
  • Marrakech за темата „Оптичка уметност“,
  • Tokyo за темата „Proto’type“.

Шесте камуфлажи избрани од јавноста ќе бидат произведени во јуни и ќе се користат за покривање на новиот PEUGEOT 3008 кој ќе се тестира на европските патишта помеѓу 15 јули и 15 август.

Потоа, брендот ќе организира извлекување меѓу пријавените за да се одредат 6 победници, кои ќе бидат поканети да дојдат и да го тестираат автомобилот во 2024 година.

Peugeot спроведува стратегија на соработки и партнерства со млади дизајнери од почетокот на 2023 година. Овој пат, брендот ја прошири оваа соработка на поширока, меѓународна публика преку социјалните медиуми, со цел максимално да го промовира дизајнерското знаење на Peugeot.

Поврзани содржини