ЗАПОЗНАЈТЕ ЈА БОЖИЦАТА ХЕРА Артан Груби се гордее со својата матурантка

Неколку пати биле да пробуваат на Косово, а таму биле направени и нејзината шминка и фризурата. 

4,291

„Запознајте ја божицата Хера“, напиша вицепремиерот Артан Груби и постираше слики од својата ќерка која е матурантка во скопското средно училиште „Зеф Љуш Марку“, истата гимназија каде учеле и нејзините родители. Во јавноста се зборува за нејзиниот фустан со златни елементи кој бил сошиен од косовскиот дизајнер Пјутим Раци.

Неколку пати биле да пробуваат на Косово, а таму биле направени и нејзината шминка и фризурата.






Хера свири пијано, а сака да организира и настани. Таа работела на двете последни кампањи на татко ѝ на Тик-Ток.

Груби вели дека уште не решиле каде ќе студира Хера, но дека веројатно тоа ќе биде во Македонија.

Поврзани содржини