ЖЕНА ГО ОСТАВИ ПАПАТА ПОДЗИНАТ „Толку деца се гладни, а ти…“

Бројот на родени во Италија падна под 400.000 за прв пат во 2022 година. Земјата бележи пад на наталитетот веќе 14 години по ред, а населението е намалено за 179.000.

842

Жена побарала oд Папата Франциск да го благослови нејзиното кученце, а тој ѝ одговорил: „толку многу деца се гладни, а ти ми носиш куче?“. Отпрво тој мислел дека станува збор за бебе, но подоцна сфатил дека се работи за куче.

Папата го раскажал ова на служба во Рим, седејќи до италијанската премиерка Џорџа Мелони. Тој зборувал за фактот дека Италија има негативен пророден прираст и има сѐ помалку новороденчиња. Тој истакна дека создавањето семејство во Италија е „гигантски потфат“ кој можат да си го дозволат само најбогатите, предупредувајќи дека „немилосрдните“ услови на слободниот пазар ги спречуваат младите да имаат деца.

 






Бројот на родени во Италија падна под 400.000 за прв пат во 2022 година. Земјата бележи пад на наталитетот веќе 14 години по ред, а населението падна за 179.000, и сега Италија има 58.850.000 жители.

– Со оглед на тоа што се потребни се повеќе пари за одгледување деца, луѓето ги ревидираат своите приоритети – рече папата, жалејќи што младите се борат да го остварат својот сон за семејство и се принудени да се откажат од своите желби и наместо тоа да се помират со просечни професии.

Тој, исто така, призна дека постојат „речиси непремостливи ограничувања“ со кои се соочуваат младите жени кога избираат меѓу мајчинството и кариерата.

Поврзани содржини