ЕВРОПА ДЕНЕСКА ОДЛУЧУВА ЗА ИЛИ ПРОТИВ ГОЛЕМИОТ БРАТ Ќе нѐ меркаат ли на улица ботовите како Чат ГПТ?

Доборупатени извори велат дека сите забрани од предложениот Закон за вештачка интелигенција ќе поминат на комисиската расправа, освен амандманот за „Големиот брат“, бидејќи дел од пратениците, особено од центар-десницата сметаат дека има предности од тоа вештачката интелигенција со скриени или нескриени камери на улиците или во разните јавни објекти биометриски да ги скенира лицата на граѓаните како што тоа веќе го прави Кина.

1,863

Европа денеска за првпат ќе гo разгледува првиот Закон за вештачка интелигенција, а меѓу амандманите има и таков за „Големиот Брат“ кој предвидува да се забрани нашите лица да бидат препознавани преку компјутери од камери или друг хардвер на улиците по градовите, нешто слично како што Кина уште од 2009 година ги шпионира своите граѓани.

Се очекува забраната да биде оспорена од група европратеници од центар-десницата, со образложение дека биометриското скенирање треба да се користи за борба против сериозниот криминал како што е тероризмот, пишува Гардијан.






Има ли логика ова барање или се враќаме во „1984“-та на Орвел?

Амандманот на членот 5 од предложениот Закон за вештачка интелигенција забранува употреба на камери за следење луѓе низ продавници, улици, паркови или кои било други јавни. Исто така, се предвидува да им се забрани на компаниите да користат вештачка интелигенција за да идентификуваат поединци со скенирање на натпревари на Си-Си-Ти-Ви(кинеската државна телевизија) со слики објавени од корисници на Инстаграм, Фејсбук или други платформи за социјални медиуми.

Казните за фирмите за кршење на разни делови од новопредложениот закон би изнесувале до 10 милиони евра. Друга можност е компаниите да бидат откинати од тргување со ЕУ.

Камери ќе шпионираат дали сме уморни на работа

Има уште. Друг амандман ја забранува употребата на таканареченото „емоционално препознавање“, кое може да им овозможи на компјутерските системи да препознаат кога некој е уморен, поради загриженоста дека тоа би можело да биде злоупотребено од страна на работодавците или државата.

Таков надзор веќе се користи во делови на Кина од страна на сообраќајната полиција. Документарец на Би-Би-Си за неговото распоредување во Кина покажа дека овој систем не е сигурен, а еден возач на камион обвинет дека користел телефон додека возел, за кој, по поблиска проверка, било откриено дека всушност, си го чешал носот.

Предложената забрана за биометриско скенирање во живо е еден од 12-те таканаречени компромисни амандмани. Претходно, Законот за вештачка интелигенција имал 3.000 амандмани, а сега останале „компромисните“.

фото: pixabay.com

Сѐ ќе се изгласа, Големиот Брат ќе остане на слобода?

Но, токму оваа забрана за „големиот Брат“ можеби нема да помине на денешната комисиска расправа, велат доброупатени избори.

– Тоа беше точка на поделба меѓу групите. Ќе има голем број колеги во ЕПП (Група на Европските народни партии) кои многу веројатно ќе гласаат против тој дел од компромисот – изјави за Гардијан Драгос Тудораче, ко-известувач на Законот за вештачка интелигенција.

Од друга страна, Ким ван Спарентак, европратеник од холандската Зелена партија, рече дека употребата на ваквото скенирање во живо со вештачка интелигенција е „целосно против нашите основни права“ и „неприфатлив ризик“.

Европскиот закон ќе стане стандард за целиот свет?

Несогласувањата меѓу европратениците  направија и речиси две години да се подготвува и Актот за вештачка интелигенција. Ќе ги смири ли страстите во Европа овој нов Закон за вештачка интелигендција?

Според Тудораче, да. Но, бројните амандмани и ставови сугерираат дека работата е каде-каде покомплицирана.

Многумина веруваат дека Законот за вештачка интелигенција ќе стане златен стандард на регулатива низ целиот свет, усвоен од гиганти како Гугл, Мајкрософт и компаниите за социјални медиуми.

На вакво мнение е Зак Мејерс, научен соработник во Центарот за европски реформи.

– Дури и да не го сторат, компаниите може доброволно да ги усвојат правилата на ЕУ на глобално ниво, бидејќи тоа ги прави поевтини трошоците за водење бизнис – вели тој.

ОРВЕЛ МОЖЕ ВОДА ДА НОСИ Кина слуша сѐ и знае сѐ, а граѓаните…собираат поени! (ВИДЕО)

 

Поврзани содржини