ЛИЦИТАЦИИ СО РАБОТНИЦИТЕ КОИ ЌЕ ГИ ГРАДАТ КОРИДОРИТЕ Груби тврди дека над 70% ќе биде домашна работна сила

3,938

Според посебниот Закон и Договорот, конзорциумот „Бехтел и Енка“ за изградба на коридорите 8 и 10д е обврзан да ангажира најмалку 51 отсто од локалните ресурси, објави првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби, на Фејсбук.

„Во Косово над 70 отсто од вработените биле локални, додека во Албанија и во Србија околу 50 отсто. Првичните прогнози, по анализата на пазарот, се дека и кај нас ќе биде ангажирана целата расположлива работна сила, по можност и над 70 отсто. Строго ќе се почитуваат сите права и обврски предвидени со законот за работни односи и другите закони“, наведува Груби.






Тој вели дека опозицијата, односно ВМРО-ДПМНЕ и Левица, со блокадата на законите во Собранието, ќе ја чинат државата над 150 милиони евра и две години залудно потрошено време.

„На ниту еден начин не можат да ја спречат реализацијата на проектот, можат само да го поскапат и да го одложат завршувањето на автопатите. Дали автопатите ќе се градат побрзо и поевтино или побавно и поскапо, зависи од пратениците“, додава Груби.

 

Поврзани содржини