ТАРАВАРИ E ЗЛОУПОТРЕБЕН ВО РЕКЛАМА ЗА ПРЕПАРАТ ЗА БРЗО СЛАБЕЕЊЕ Докторот апелира граѓаните да бидат внимателни што купуваат
Таравари, како што пишува во пост на фејсбук, е длабоко е загрижен за ширењето лажна реклама во негово име за производ за слабеење, за којшто се тврди дека придонесува за губење на телесната тежина.
Градоначалникот на Гостивар Арбен Таравари кој е и доктор тврди дека е злоупотребен во реклами за средства за брзо слабеење.
Таравари, како што пишува во пост на фејсбук, е длабоко е загрижен за ширењето лажна реклама во негово име за производ за слабеење, за којшто се тврди дека придонесува за губење на телесната тежина.
„Ги повикувам луѓето да бидат исклучително внимателни кога наидуваат на вакви содржини, коишто во дадени околности дури може да предизвикаат и големи штети по нивната здравствена состојба. Мој приоритет отсекогаш бил грижа за здравјето и благосостојбата на граѓаните. Сите граѓани треба да имаат пристап до точни и веродостојни информации кога станува збор за нивното здравје и благосостојба. Ги повикувам институциите да преземат мерки против ваквите лажни реклами коишто не само што можат да ги доведат потрошувачите во заблуда, туку и да предизвикаат сериозни здравствени ризици“, напиша Таравари.
Во слични реклами неодамна се најдоа и микробиологот Никола Пановски и кардиологот Сашко Кедев.