ЕДНАШ ВЕЌЕ ЈА РАЗРЕШИЛ ПА СЕ ПОВЛЕКОЛ Директорката на градинката „Детска радост“ му пиша на пишман градоначалникот
Директорката на градинката „Детска радост“ Анета Петровска ги отфрла обвинувањата на градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски, кој вчера ја разреши од функцијата.
Таа се огласи денеска преку полномошник адвокат Златка Денковска, кој вели дека Анета Петровска за одлуката за разрешување дознала од медиумите. Петровска моментално се наоѓа на боледување поради влошена здравстевна состојба на своето малолетно дете.
Во писмото до медиумите адвокатката Денковска вели дека ревизорскиот извештај на кој се повикал градоначалникот е од 15.03.2022 година.
„Таа ревизија беше извршена веднаш по првото разрешување на директорката Анета Петровска, но бидејќи во постапката за разрешување беа повикани претставници на Министерството за труд и социјална политика ги проверија наводите, односно сите фактури за слободни јавни набавки и утврдија дека нема пречекорување на законскиот минимум за слободна јавана набавк, дадоа негативно мислење по предлогот за разрешување, по што и самиот градиначалник си го поништи своето решение за разрешување“, се наведува во писмото од директорката Петровска.
Адвокатката нагласува дека ТП Ревизија Чулева не е надлежна за вршење ревизија во ЈУДГ „Детска радост“ Скопје, зашто таа може да врши ревизија само во приватни субјекти.
„Јасно е дека разрешувањето кое е сторено медиумски е тенденциозно и со намера да се наруши честа и угледот на Анета Петровска, наводите кои ги објавува градоначалникот Бобан Стефковски се истите за кои еднаш ја веќе ја разреши па ја повлече одлуката и ја врати за директор“, се наведува во писмото потпишано од полномошник адвокат Златка Денковска.
Ѝ ПРЕСЕДНА РАДОСТА ОД ХРАНА ЗА НОСЕЊЕ Разрешена директорката на градинката „Детска радост“