(СКАНДАЛОЗНО ВИДЕО) АНЕСТЕЗИОЛОГ ВО ЖИВО НА ТИК-ТОК ГИ ПОКАЖУВАЛ ПАЦИЕНТКИТЕ ВО САЛА! Директорот на тетовската болница го пријавил, полицијата го привела лекарот

По објавување на случајот, директорот на болницата за ТВ 21 го осуди случајот и истиот го пријави во полицијата, па доцна синоќа анестезиологот беше приведен во полициска станица.

2,922

На социјалните мрежи се појави видео снимено наводно од лице вработено како анестезиолог на Гинекологија во тетовската болница, како во живо на Тик -Ток ги снима пациентките и вработените во една од салите за гинекологија во болницата во Тетово, објави ТВ 21.

Телевизијата го верификувала видеото и добила потврда дека е снимено во тетовската гинекологија, а лицето што го направило видеото е ангажирано на одделението каде се прекинува бременост.






Погледнете го видеото кое го објави вечерва ТВ 21:

По објавување на случајот, директорот на болницата за ТВ 21 го осуди случајот и истиот го пријави во полицијата, па доцна синоќа анестезиологот беше приведен во полициска станица.

Утрово пристигна потврда и од Министерството за внатрешни работи во кое се вели дека по пријава на директорот на болницата во Тетово, вработениот анестезиолог вчеравечер бил приведен во полициска станица.

„На 14.04.2023 во 23.40 часот во тетовско Одри полициски службеници го привеле В.Д. (43),постапувајќи по пријава од страна на П.В. , директор на Клиничка болница Тетово дека В.Д.,вработен како анестезиолог во болницата, снимал и објавувал преку мрежата “тик ток” лекарски персонал и пациенти на кои им се пружала лекарска помош.Известен е јавен обвинител и по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава“, стои во соопштението до МВР.

Поврзани содржини