ЌЕ БИДЕ КАКО ЦРЕША НА ТОРТАТА Кадиров за украинската контраофанзива

Чеченскиот лидер вели дека контраофанзивата ќе оди на рака на русите, бидејќи за тоа се потребни големи ресурси.

2,264

Лидерот на Чеченија Рамзан Кадиров во изјава за Телеграм вели дека контраофанзивата на вооружените сили на Украина, за која пишуваат западните медиуми, ќе оди на рака на  Русија, а за Украина ќе донесе големи загуби.

–  За успешна контраофанзива им се потребни големи ресурси, загубите на напаѓачите се неизбежни – изјави Кадиров,






Тој додаде дека позициите на руската армија се „поволни и утврдени“.

Според него, методите и маневрите на вооружените сили на Украина се предвидливи, а одбранбената позиција на руските трупи ќе им овозможи да користат помалку ресурси.

– Контраофанзивата на украинските сатанисти и платениците на НАТО ќе работи во наша корист. И како цреша на тортата – трофеи, примероци од странска технологија, толпи затвореници кои, како и секогаш, ќе испаднат „воени готвачи или електричари. Значи, ако НАТО и украинските нацисти сакаат да извршат контранапад во која било насока, ја повикувам нашата војска да заплени што е можно повеќе примероци на сосема ново западно оружје за да ги надополни нашите колекции – изјави Кадиров.

 

Поврзани содржини