ПОТПИСОТ НА БАЈДЕН ЌЕ ГО СПАСИ ЃОКОВИЌ Сенатот гласаше за укинување на вонредната состојба со коронавирус

Се очекува Бајден да стави потпис на веќе изгласаното укинување на вонредната состојба со пандемијата во САД со што Ѓоковиќ ќе може да игра.

575

Српскиот тениски ас Новак Ѓоковиќ најверојатно ќе може да игра на турнирите во САД летово. Тоа ќе зависи од потписот кој треба да го стави американскиот претседател Џо Бајден со кој ќе се укине вонредната состојба предизвикана од коронавирусот, пишуваат српските медиуми.

Се очекува Бајден да го стави потписот бидејќи и Горниот дом на Сенатот, но и Претставничкиот дом веќе гласаа „за“ укинување на декларацијата со која била прогласена оваа состојба.






Декларацијата била воведена во 2020 година кога претседател беше Доналд Трамп.

Ако таа се укине, Ѓоковиќ ќе може да игра на Ју ЕС Опен и на турнирот во Синсинати.

Поврзани содржини