КОРИДОРИТЕ ЌЕ ГИ ПОЧНЕМЕ СО ЗУРЛИ И ТАПАНИ? Груби најавува „државен спектакл“

Камен темелникот ќе биде поставен на 4 април. Ќе биде спектакуларно. Тоа ќе биде државна манифестација, ќе има гости и од регионот. Ќе биде огромен настан - рече Груби.

754

Изградба на автопатските делници од Коридорите 8 и 10Д ќе почне на 4 април со свечено одбележување на настанот – најави во настап на Телма првиот вицепремиер Артан Груби.

– Камен темелникот е на 4 април. Ќе биде спектакуларно. Тоа ќе биде државна манифестација, ќе има гости и од регионот. Ќе биде огромен настан – рече Груби.






Тој истакна дека како влада сакаат да остават трага зад нив со овој добар проект, а граѓаните да возат по добри и безбедни патишта.

– Ништо не сакаме да скриеме. Сакам детално да се истражи, не само од Државната комисија за спречување корупција (ДКСК) туку посебно од Јавното обвинителство, од каде рекоа дека може да ја разгледаат целата документација и ако има нешто сомнително да се отвори истрага – рече Груби.

Вицепремиерот нагласи дека Бирото за јавни набавки една година ја разгледувало постапката и дека не нашло никаква грешка. Тој додаде дека сите документи се јавни, ги има во Бирото за јавни набавки и он-лајн, и можат да ги имаат на увид сите граѓани.

– Јас не сум ни обвинител, ни судија, нека истражи Јавното обвинителство, немаме што да криеме, чисти сме како солза за ова – рече Груби.

Американско-турскиот конзорциум ќе ги гради автопатите за 1,3 милијарди евра, а експропријацијата се проценува дека ќе чини дополнителни 300 милиони евра. Консултантот ЕРД Инженеринг е ангажиран посебно за 22 милиони евра.

Поврзани содржини