ПРВО ЛИЦЕ СО ДАУНОВ СИНДРОМ ВРАБОТЕНО ВО ОПШТИНА КИСЕЛА ВОДА Градоначалникот Ѓорѓиевски ги разбива стереотипите

265

Градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, денеска потпиша договор за вработување со Стефан Трпковски, кој е првото лице со Даунов синдром што ќе работи во оваа oпштина.

– Стефан му раскажа на градоначалникот за своите таленти, за кошарката која била негова прва љубов, за модерните танци и ya освоеното второ место  на Специјалната олимпијада за танцови игри, за пливањето кое веќе 10 години е негово хоби. Кажа дека се подготвува да плива на Параолимпијада во Берлин, каде задно со уште три други деца ќе ги брани боите на Македонија. Посака и во својата земја да постојат такви натпревари – се вели во соопштението на Општина Кисела Вода.






Општината денеска се отворила и за други лица со Даунов синдром. Десетина од нив, кои се дел од здружението „Трисомија 21“, им помагале на вработените на шалтерот, издавале документи, го следеле процесот со архивирање предметите и разговарале со странки.

– За жал, Дауновиот синдром, кој Светот го одбележува денеска, во Македонија сѐ уште е табу тема. На овие простори, преовладуваат стереотипи, кои овие лица ги држат на маргините на општеството. Интересно и крајно полезно е да ги запознаеме, да видиме каква е желбата кај нив, со каква трудољубивост настапуваат кога треба да совладаат некаква вештина – истакна градоначалникот Ѓорѓиевски.

Поврзани содржини