ЛУЃЕТО ЈА НАРЕКУВААТ ЛЕДИ ГАГА „СВЕТИЦА“ Поради гестот на свечениот тепих на Оскарите (ВИДЕО)
Леди Гага воодушеви со гест на овогодишното доделување на Оскарите. Пејачката додека шетала по свечениот тепих, еден од присутните фотографи се сопнал и паднал, а пејачката веднаш притрчала за да му помогне да стане.
Леди Гага воодушеви со гест на овогодишното доделување на Оскарите. Пејачката додека шетала по свечениот тепих, еден од присутните фотографи се сопнал и паднал, а пејачката веднаш притрчала за да му помогне да стане.
Видеото ги преплави социјалните мрежи каде многумина го величаат нејзиниот потег.
Lady Gaga stops to help photographer who fell at the #Oscars. pic.twitter.com/4w4MNCO89X
— Pop Base (@PopBase) March 13, 2023
„Кралица, таа е толку драга и грижлива личност“, „Хероина“, „Еве зошто таа го заслужува најдоброто во животот“, „Кралица на љубезноста“, „Светица во музичката индустрија“, „Воопшто не се ни размислила дали да му помогне, тоа било природен рефлекс“, „Никој друг не му притрчал на помош“, се само дел од коментарите на луѓето под видеото објавено на Твитер.
Откако во последен момент беше потврдено дека Гага ќе настапи на доделувањето, пејачката пред излегувањето на сцената ја отстранила целата шминка и се пресоблекла во обична црна маица и панталони, а за ваквото издание доби бројни пофалби.
Леди Гага ја изведе својата песна „Hold My Hand“, за која беше номинирана за Оскар во категоријата најдобра песна, во која сепак победи „Naatu Naatu“ од филмот „RRR“.