ВИДЕО ОД НАПАЃАЧОТ ВО ХАМБУРГ Пукал низ прозорец, специјалците се качиле по скалите

На видеото се гледа и како специјалци од полицијата се качуваат по скалиштето на зградата.

558

Би-Би-Си пренесе видео-снимка од лице кое пука со оружје низ прозорецот на Центарот на Јеховините сведоци во Хамбург Германија. Снимката сугерира дека се работи за осомничениот напаѓач од синоќешното убиство. Ноќеска седум лица беа убиени, а осуммина повредени. На видеото се гледа и како специјалци од полицијата се качуваат по скалиштето на зградата.

Истрагата за злосторството продолжува. Полицијата претходно изјави дека пронашла мртво лице за кое се верува дека е сторителот.






Поврзани содржини