ДЕЦАТА НЕ ТРЕБА ДА СЕ КАПАТ СЕКОЈДНЕВНО Еднаш на 3 дена се бањаат цели, секојдневно само гениталиите
Децата не треба да се капат секој ден, особено не во зима, доволно е еднаш на секои три дена. Единствено хигиена на гениталиите се одржува секојдневно и тоа само со миење со млака вода, со минимална употреба на сапун или шампон.
Неонатолозите, педијатрите и дерматолозите се согласуваат со усвоениот став дека децата треба да се капат секој трет ден, а секојдневно да се одржување хигиената на гениталиите бидејќи прекумерната употреба на детска козметика може да доведе до сушење на кожата, разни иритации, па дури и до појава на егзема, која во повеќето случаи е поизразена во зима.
Во зима, на студ, кожата на луѓето, вклучувајќи ги и децата, по миењето побавно ја враќа влажноста. Затоа во зима е потребно помалку да се капете и повеќе да се грижите за кожата со употреба на хидратантни, но и на помрсни креми.
Повеќе за ова прочитајте на порталот „Мајка и дете“.