МАКЕДОНСКАТА ВОЕНА ИНДУСТРИЈА НА САЕМ ВО АБУ ДАБИ Компанијата АТС Груп претстави машини и алати за производство на муниција

Оваа година на саемот учествуваат повеќе од 1.350 изложувачи, a се очекуваат над 130.000 посетители.

12,531

АТС ГРУП и оваа година ги претстави своите производи на ИДЕХ 2023 во Абу Даби, Обединети Арапски Емирати (OAE). ИДЕХ е најголемиот саем на одбранбената индустрија на Блискиот Исток кој постои веќе 30 години. Саем им овозможува на светските производители да ги претстават своите активности, а со цел да се подигне свеста за важноста на заедничката и личната безбедност и заштита.

Покровител на биеналето е  Шеикот Мохамед Бин Зајед Ал Нахјан, претседател на Обединетите Арапски Емирати и Врховен командант на вооружените сили на ОАЕ. Настанот е организиран со целосна поддршка на Министерството за одбрана.






АТС ГРУП, покрај тоа што ги претстави своите светски познати производи и опрема од областа на балистиката, на овогодишниот саем ги претстави и останатите области во кои делува и во кои се натпреварува со најголемите светски производители.

Компанијата претстави врвна инженерска експертиза, машини и алати за производство на муниција, со што го привлече вниманието на посетителите на овој реномиран саем, на кој изложуваат најголемите светски производители во областа.

Оваа година на саемот учествуваат повеќе од 1.350 изложувачи, a се очекуваат над 130.000 посетители.

АТС ГРУП со седиште во Скопје e македонска корпорација која управува со три фабрики, од кои две во Скопје, Визбегово и една во Самоков со повеќе од 500 вработени. Сите фабрики работат по највисоки стандарди и произведуваат огромен асортиман на производи, чиј квалитет се препознава во светски рамки, а за што имаат добиено и бројни награди.

АТС Груп се занимава со производство на композитни производи и производи наменети за опрема на армијата и полицијата во делот на балистичка заштита и балистичка безбедност. Покрај тоа, компанијата произведува и муниција и целосни линии на машини за производство на муниција, со што од година во година постојано го зголемува својот извозен потенцијал и со тоа ги остварува развојниот план и својата мисија.

Поврзани содржини