ИМПЛАНТИРАЛЕ ПЕЈСМЕЈКЕРИ ИЗВАДЕНИ ОД ТЕЛА НА МРТВИ! Лекарите ги наплатувале средствата како да се нови, но ги зеле од починати пациенти
Како што информираат од полицијата, по извршените претреси, на повеќе локации биле пронајдени поголема сума пари и вредни уметнички предмети, за кои се претпоставува дека биле земени како поткуп.
Полицијата во Романија води истрага и приведува лекари кои се осомничени дека со години на пациенти им вградувале пејсмејкери извадени од телата на починатите и сите ги наплаќаат како да се нови пејсмејкери.
Според неофицијални информации извршени се повеќе од 170 интервенции, а досега е приведен најмалку еден лекар.
Властите соопштија дека се извршени најмалку 24 претреси во неколку окрузи во рамки на истрагата за злоупотреба на службената положба, поткуп, употреба на фалсификат, измама…
– Постои основано сомнение за сторени повеќе кривични дела поткуп и фалсификување, извршени од медицински лица или лица од нивната околина, како и индиции дека овие медицински лица извршиле повеќе хируршки интервенции, кршејќи ги работните процедури. Постојат индиции дека се користеле кардиомедицински помагала (пејсмејкери и дефибрилатори), кои го загрозувале физичкиот интегритет, здравјето или животот на луѓето, нивните пациенти – изјави извор од истрагата.
Како што информираат од полицијата, по извршените претреси, на повеќе локации биле пронајдени поголема сума пари и вредни уметнички предмети, за кои се претпоставува дека биле земени како поткуп.
– Откриени се 162.920 леи, 116.795 евра, 2.357 американски долари, 900 фунти, 300 швајцарски франци, 3.500 форинти, 520 шведски круни, 200 дански круни, 3 мобилни телефони, 160 таблети и 250 дискови и 25 пејсмејкери/дефибрилатори – се наведува во соопштението.
Извор од истрагата за романските медиуми изјавил дека се пронајдени и 36 слики на реномирани национални сликари, кои биле депонирани во комплексот на Националниот музеј на Молдавија во Јаши.
Засега е потврдено апсењето на медицински работник во Јаши и му е одреден притвор до 24 часа.
Обвинителството соопшти дека се распишани девет потерници.
Една од наредбите се однесува на доктор Д.Т., поранешен шеф на кардиолошката служба во болницата „Свети Спиридон“.
– Осомничениот е обвинет дека вградил повеќе од 238 уреди извадени од трупови или од непознато потекло помеѓу 2017 и август 2022 година, непочитувајќи го ризикот од предизвикување сериозни здравствени проблеми или дури и смрт на пациентите со нивна повторна употреба, иако тоа е „забрането со примарната легислатива“. Воедно, производителите на медицински помагала на пакувањето на апаратите забележуваат забрана за нивна повторна употреба – соопшти обвинителството.