ОСМАНИ ПРИСТИГНА ВО КИЕВ Градот Бородјанка прв на списокот за посета на претседавачот со ОБСЕ

Посетата на Османи на Киев е во рамките на реализацијата на еден од главните приоритети на Претседавањето -  состојбата во Украина, со посебен фокус кон луѓето на терен кои се најпогодени од воената агресија – За луѓето се работи!

163

Министерот за надворешни работи Бујар Османи во својство претседавач на ОБСЕ  утрово пристигна на Главната железничка станица во Киев, информира Министерството на надворешни работи

– Османи, по пречекот веднаш се упати во посета на градот Бородјанка, во киевската област, кој е силно погоден од воените дејствија. Воедно, во рамките на посетата, предвидени се низа средби со високи претставници на државната власт на Украина – велат од МНР.






Посетата на Османи на Киев е во рамките на реализацијата на еден од главните приоритети на Претседавањето –  состојбата во Украина, со посебен фокус кон луѓето на терен кои се најпогодени од воената агресија – За луѓето се работи!

Поврзани содржини