ПЛАТИ ЦАРИНА, ПА ВОЗИ КОЛКУ САКАШ! Бугарските таблички на возилата мора да се „преведат“ до крајот на месецов

Од 11.01.2021 до 21.06.2021 година, вкупно се оцаринети 4.596 возила, од кои 3.265 се со бугарски таблички. Вкупно се наплатени 400 милиони денари како увозни давачки за возилата со странски регистарски таблички.

31,560

Сопствениците на возила со бугарски регистарски таблички може да останат без своите автомобили ако до 31 јануари не платат давачки за увоз. Но, сумата што им се бара за царинење е мошне висока и како што велат сопствениците, неисплатлива, затоа што таа ќе ги чини речиси колку што го купиле автомобилот.

Како што ни објасни нашиот соговорник од Кочани, Царинската управа неколку пати усно и писмено го предупредила да плати давачки за возилото и дека во спротивно тоа нема да може да излезе од државата со него. А доколку не го стори тоа повеќе нема да може да го регистрира во земјава и да добие македонски таблички.






– Возилото „пасат“ од 2010 година го купив пред неколку години за 7.000 евра. Бидејќи имам и бугарски документи досега си го возев на бугарски таблички. Пред некое време од Царина добив предупредувања дека морам да го царинам автомобилот и притоа да платам околу 5.000 евра, што навистина е незамисливо, затоа што така ќе испадне дека сум платил за кола вредна 12.000 евра – вели тој.

Тој планира или да не плати царина, да ја изнесе колата од земјава и да ја продаде во Бугарија, или возилото да го даде на отпад или за делови.

Со ваков или сличен проблем се соочуваат многумина наши сограѓани кои благодарение на бугарските документи кои ги поседуваат, можеа со години во земјава да возат автомобили со бугарски таблички. Но, Владата во 2020 година донесе закон по итна постапка со кој давачките за овие возила беа намалени за 50 проценти и кој имаше важност од само шест месеци.

Царинската управа информира дека во времетраење на примената на Законот за регистрација на возила со странски регистарски таблички, од 11.01.2021 до 21.06.2021 година, вкупно се оцаринети 4.596 возила, од кои 3.265 се со бугарски таблички. Вкупно се наплатени 400 милиони денари како увозни давачки за возилата со странски регистарски таблички. Нема податок колку вкупно возила треба да се царинат.

– Царинската управа согласно своите надлежности го евидентира влезот и времетраењето на престојот на царинското подрачје на возилата со странски таблици што ги исполнуваат условите за привремен увоз на тие возила. За возилата што се внесуваат и се користат на територијата на Република Северна Македонија, Царинската управа го евидентира внесот на возилото со странски таблици и рокот до кога возилото може да се користи на територијата на државата – велат од Царинската управа.

Оттаму потенцираат дека по завршување на законски определениот рок возилото треба или да го напушти царинското подрачје или при увозот лицето да го оцарини возилото, со плаќање на предвидените увозни давачки.

Странските возила можат најмалку 6 месеци да престојуваат на територијата на нашата земја, а во тој временски период да не плаќаат никакви давачки кон државата, освен патарина.

Поврзани содржини