Д-Р ЖАН МИТРЕВ Ѝ ПРОСТИ НА ИРЛ Нема да ги тужи новинарите за „организирана пропаганда“, Бог нека им суди
Во новогодишна честитка објавена на Фејсбук, д-р Жан Митрев објави дека на денот за простување ѝ простил на Истражувачката репортерска лабораторија, иако ИРЛ му нанела многу неправда, „организирана пропаганда и ширење невистини преку јавни медиуми“.
Кардиохирургот д-р Митрев вели дека ја повлекол тужбата што ја поднел против ИРЛ.
„Денес е ден кога Христос се роди. Денес е денот кога се родила надежта дека доброто ќе го надвладее злото. Денес е денот кога се што ни се случило лошо сакаме да го заборавиме. Денес е дденот кога на сите им посакуваме само добро. Денес е ден кога им простуваме на сите кои ни направиле лошо.
Минатата година ИРЛ ми нанесоа многу неправда со организирана пропаганда и ширење невистини преку јавни медиуми. За тоа поднесов и тужба против нив. Целта не ми е да се тужам со медиумите, туку да ја докажам правдината. Но, за се што сториле Бог нека им суди“, напиша д-р Митрев на Фејсбук.