(ОБНОВЕНО) ШЕСТ ПОЛИЦАЈЦИ И РАКОВОДИТЕЛ НА СМЕНА УАПСЕНИ ПОКРАЈ КОМАНДИРОТ И ЗАМЕНИКОТ Од МВР излегоа со првите информации за синоќешната акција

МВР уште не ги потврди овие информации, а се чека на нивниот официјален брифинг. Ноќеска, граѓаните цели три часа чекаа во километарска колона на граничниот премин и објавија видеа револтирани од хаосот кој настана.

1,609

За злоупотреба на службена положба  во синоќешната полициска акција на ГП „Табановце” се приведени командир, заменик командир, раководител на смена, како и шест полицајци, потврди денеска на брифинг со медиумите министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. На ГП  „Табановце” синоќа беше спроведена акција на Министерството за внатрешни работи во координација со Основното јавно обвнителство за гонење организиран криминал и корупција.

Претходно во медиумите се шпекулираше дека се работи за осум полицајци, покрај командирот и заменик командирот.






Од МВР уште не потврдија дали е точна информацијата дека наводно, при претресот кај нив биле најдени пари во кутии од цигари. Осмоничените биле спроведени во Кривичен суд каде тврделе кутиите им биле подметнати. Се шпекулира и дека биле претресени нивните домови.

Ноќеска, граѓаните цели три часа чекаа во километарска колона на граничниот премин и објавија видеа револтирани од хаосот кој настана.

ХАОС НА ТАБАНОВЦЕ, МВР АПСИ ЦАРИНИЦИ? Граѓаните револтирани, чекаат три часа на студот (ВИДЕО)

 

Поврзани содржини