71-ГОДИШЕН ВОЗАЧ ПРЕГАЗИЛ 76-ГОДИШНА ЖЕНА Сообраќајка во Охрид

Во несреќата, пешакот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид, соопштија од МВР.

129

На крстосница на улиците „Никола Карев“ и „АСНОМ“ во Охрид, патничко возило „мерцедес“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Ј.Л.(71) од Охрид, удрило вчера вечерта во Ж.Ѓ.(76) од Охрид. Во несреќата, пешакот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид, соопштија од МВР.

Увид на местото на несреќата извршила екипа од СВР Охрид.

Поврзани содржини