СИ ОДИ АМБАСАДОРКАТА АНКЕ ХОЛШТАЈН Германската амбасадорка беше на таа функција од јули 2020 година

Со својата долгогодишна поддршка за обука и едукација, Германија има многу вложено во човечкиот потенцијал на македонската армија – рече министерката за одбрана.

279

Министерката за одбрана Славјанка Петровска денеска имаше проштална средба со германската амбасадорка Анке Холштајн.

– Сојузна Република Германија секогаш била искрен пријател, силен поддржувач на евроинтеграциите на Северна Македонија, и особено важен сојузник во поглед на остварувањето на стратешките цели, напиша на нејзиниот фејсбук профил Петровска.






Таа објави дека како НАТО партнери, имаме одлична одбранбена соработка, а со својата долгогодишна поддршка за обука и едукација, Германија има многу вложено во човечкиот потенцијал на Армијата.

Германската амбасадорка Анке Холштајн беше на таа функција од јули 2020 година.

Поврзани содржини