УВЕЗУВАМЕ СТРУЈА НЕБАРЕ ЌЕСЕТО НИ Е ДУПНАТО Само за 4 дена за увоз на струја сме платиле 3,7 милиони евра!

Лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски ја обвинува Владата за неспособност и за делење провизии. „Ќе има одговорност“, вели тој.

169

Продолжува увозот на струја, продолжуваат „хероите“ на Владата со авансно плаќање, продолжуваат со „херојските“ авансни провизии.

Вака на Фејсбук новиот извоз на струја го коментира лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.






– Новиот увоз на струја е за 4 дена, од 8 до 11 декември, а ЕСМ за овој увоз „херојски“ ќе плати со народни пари повеќе од 3.700.000 евра.

Од 7 ноември до 11 декември, или за само 35 дена, потрошени се вкупно 36.688.848 евра за увоз на струја. Увезуваат затоа што немаат план, не знаат и „херојски“ делат авансни провизии. Трансформаторот кој требаше да биде инсталиран на 1 ноември, за да проработи Битола 3, уште не е ни во Македонија – напиша Мицкоски.

Поврзани содржини