Сами си ја создадовме државата, никој не ни ја подари!
По повод 29 Ноември, history for dummies или – историја за будалетинки.
Југославија не ја создаде Македонија.
Таа постоеше и пред неа, а веќе постои и долго после неа.
Македонија даде вкупно над 44.000 жртви во Втората светска војна.
24.000 од Република Македонија и повеќе од 20.000 од егејска Македонија и од пиринска Македонија.
Туѓа војска не гинеше за слобода на Македонија.
Наша војска гинеше за ослободување на Србија и на Хрватска.
Наши животи беа положени за Југославија, а не беа положени југословенски животи за Македонија.
Движењето имаше национал-ослободителен карактер, а АСНОМ беше собрание на целокупниот македонски народ и на други народности, од Македонија (имаше делегати од сите делови на Македонија). Но, за жал, делумно и поради југословенски, а целосно заради подоцнежни идеолошки причини, не се постигна целосно ослободување на македонскиот народ и на Македонија.
Четите носеа имиња на загинатите војводи.
Живите војводи и комити беа дел од партизанските чети.
Имавме свој, наш македонски Генералштаб на Народно-ослободителната војска и партизанските одреди на Македонија (ГШ на НОВ и ПОМ).
Македонското движење не беше идеолошко (комунистичко, левичарско, коминтерновско), беше народно и ослободително.
На 29 ноември ние Македонците не учествуваме.
Нереализирањето на македонскиот сон за целосно ослободување на Македонија, подоцна, после превратот во 1945-46 од страна на КПЈ, со живот и слобода го платија илјадници Македонци по затворите во Идризово, Отешево… Меѓу нив и првиот претседател и скоро целиот состав на Президиумот на АСНОМ.
Видете ги документите на АСНОМ (Манифестот, Прогласот, декларациите и решенијата), видете го списокот на делегати, видете го составот на Президиумот на АСНОМ (практично, првата влада на Македонија), видете ги знамињата позади говорницата (и руско, но и британско и американско).
Затоа, доволно време помина за да научиме:
Сами си ја создадовме државата!
Никој не ни ја подари!
Да живее Македонија!
Да живее идејата за слобода на Македонија!
(ФБ статус на авторот)