ЌОТЕК ЗА СЕМЕЈСТВОТО, АМА И ЗА ПОЛИЦАЕЦОТ ШТО ДОШОЛ ДА ЈА АПСИ Велешанка го кренала цел Велес на нозе
Велешанката, по кратка расправија, физички ја нападнала нејзината свекрва, нејзиниот малолетен син и сопругот.
Вистинска семејна драма се случила вчеравечер во Велес, кога жена нападнала тројца членови на нејзиното семејство – свекрвата, сопругот и синот, а при интервенција на полицијата таа истепала и еден полицаец.
„На 22 ноември во 19.35 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес ја лишиле од слобода В.З.(40 год) од Велес. Таа, по кратка расправија, физички ја нападнала нејзината свекрва, нејзиниот малолетен син и сопругот. При интервенција на полициските службеници, В.З. физички нападнала и еден од полициските службеници“, информираат од СВР Велес за „Прес24“.
По целосно документирање на случајот, од полицијата најавуваат дека ќе следи соодветна пријава.