СКАНДАЛ СО 10 МАСАКРИРАНИ РУСИ ЈА ТРЕСЕ УКРАИНА „Ова е вообичаена практика, ќе им суди историјата“ (ВИДЕО)

Ова е вообичаена практика во вооружените сили на Украина која е активно поддржана од режимот во Киев и целосно игнорирана од западните патрони. Но, на Зеленски и неговите поддржувачи ќе им се суди пред судот на историјата, народот на Русија и Украина, соопштуват од руското министерство за одбрана.

3,774

Руската новинска агенција РИА Новости објави дека припадниците на украинските вооружени сили намерно убиле десетина руски војници со директни истрели во главата. Тие сметаат дека ова не е „трагичен исклучок“, туку дека правата на воените затвореници се опасно прекршени од режимот во Киев, пренесува Јутарни.

„Новите докази за масовниот масакр на невооружени руски воени заробеници ја потврдуваат дивата страна на режимот во Киев на чело со Зеленски и оние кои го штитат“, напишаа тие.






Инаку, на интернет кружат една снимка и една фотографија. На видеото се гледаат десетина живи руски војници како лежат на земја додека вооружени Украинци стојат покрај нив. Сепак, фотографијата од воздух, тврдат Русите, докажува дека затворениците се убиени. Како клучен доказ дека се работи за истата локација, тие го наведуваат црвениот автомобил на детето кој стои во дворот.

 

Украинските воени и цивилни власти допрва треба да ги коментираат наводите.

Во своето ново соопштение, руското Министерство за одбрана наведува дека ќе направи се за да го изведе Володимир Зеленски на суд за воени злосторства.

„Бруталното убиство на руски војници не е ниту прво, ниту единствено воено злосторство. Ова е вообичаена практика во вооружените сили на Украина која е активно поддржана од режимот во Киев и целосно игнорирана од западните патрони. Но, на Зеленски и неговите поддржувачи ќе им се суди пред судот на историјата, народот на Русија и Украина. Ќе им судиме за сѐ, за секој измачуван и убиен затвореник!“

На почетокот на оваа недела, организацијата за човекови права на ОН, ОХЦХР, во Украина ги обвини двете страни за кршење на правата на воените затвореници.

Поврзани содржини