ЗАПАДОТ СЕ ПРИБЛИЖУВА ДО НОВА СВЕТСКА ВОЈНА Медведев обвини дека се води хибридна војна против Русија

Полскиот претседател Анджеј Дуда претходно изјави дека земјата нема конкретни докази кои покажуваат кој го испукал проектилот што погоди погон за жито и уби две лица.

128

Поранешниот руски претседател и долгогодишен сојузник на Владимир Путин, Дмитри Медведев, изјави дека експлозијата на полска територија покажува дека Западот се приближува кон уште една светска војна.

„Инцидентот со наводниот ракетен напад на Украина на полска фарма докажува само едно: водејќи хибридна војна против Русија, Западот се приближува до светска војна”, напиша Медведев на Твитер.

 






Поврзани содржини