ШТО ЗНАЕ БАГЕР ШТО Е ВЕЛОСИПЕДСКА ПАТЕКА Два дена стои паркиран и не дава никаква изјава!

Надлежните не можеле да одговорат дали багерот е тука со некаква задача, да се реновира патеката или да се работи во коритото на Вардар, па предвреме е паркиран. Во меѓувреме, граѓаните кои користат велосипед, мора да го заобиколуваат.

316

Багер во непозната сопственост веќе два дена стои паркиран на патеката за велосипедисти на кејот на реката Вардар во центарот на Скопје, реагираат граѓани кои ни ја испратија оваа фотографија.

Дел од нив, кои со велиоспед секојдневно минуваат на оваа патека, пријавиле во МВР на телефонскиот број 192, каде убаво ги ислушале, рекле дека „ќе преземат мерки“, но како што се гледа, мерките уште се преземаат.






Надлежните не можеле да одговорат дали багерот е тука со некаква задача, да се реновира патеката, или да се работи во коритото на Вардар, па предвреме е паркиран. Или можеби е расипан па чека мајстор да го поправи? Во меѓувреме, граѓаните кои користат велосипед, мора да го заобиколуваат.

Поврзани содржини