ГОЛЕМО ИСКУСТВО ВО ЛЕКУВАЊЕ НА ДЕТСКИТЕ СРЦА ВО АЏИБАДЕМ 30 години работа, 15 000 пациенти, повеќе од 95% успешност
Постојат повеќе од 200 форми на вродени срцеви заболувања, некои од нив се благи, додека други се опасни по живот. Секој трет од тие пациенти има потреба од лекување или операција во првите денови од животот.
Операција на срце со големина на орев е врвен предизвик во хирургијата. А сепак постојат многу состојби за кои може да биде потребна кардиохирургија во детството. Всушност, проблемите со срцето се доста чести кај новороденчињата: речиси едно на секои 100 живородени деца има некоја вродена срцева мана.
Постојат повеќе од 200 форми на вродени срцеви заболувања, некои од нив се благи, додека други се опасни по живот. Секој трет од тие пациенти има потреба од лекување или операција во првите денови од животот.
Во минатото, бебе кое се раѓало со сериозна срцева малформација имало мали шанси за преживување. Во денешно време, прогнозата за луѓето со вродени срцеви заболувања е драстично подобрена поради развојот на медицината и технологијата. Со напредни хируршки техники може да се вратат нормалните функции на срцето и да се обезбеди здрав живот за повеќе од 90% од заболените деца.
Центарот за детски срца Аџибадем е еден од оние кои ги менуваат трендовите во педијатриската нега на срцето. Во Центарот работат некои од најистакнатите специјалисти за детска кардиологија и кардиохирургија во Турција и во регионот. Со кумулативно искуство од повеќе од 15.000 педијатриски срцеви пациенти од целиот свет, тие можат да обезбедат опции за дијагноза и лекување за цел спектар кардиолошки состојби, дури и кај најсложените случаи.
Напредни дијагностички алатки за откривање на срцеви абнормалности
Срцевите заболувања кај децата може да бидат вродени или стекнати подоцна во животот. Вродените срцеви мани се најчестите болести забележани кај доенчињата и најчестиот вид вродени мани. Тие се јавуваат за време на развојот на фетусот во утробата на мајката.
За сериозни абнормалности во работата на срцето може да биде потребна итна интервенција, и затоа раното откривање има клучно значење за преживување. Во Аџибадем се користат напредни технолошки дијагностички алатки за да се утврди точната дијагноза. Електрокардиографија (ЕКГ), рендгенска снимка на граден кош, ехокардиографија, трансезофагеална ехокардиографија (ТЕЕ), снимање на срце со магнетна резонанца (МР) и компјутерска томографија (КТ) се главните дијагностички методи за педијатриски пациенти со срцеви заболувања.
Голем напредок во последниве години е можноста за дијагностицирање на срцеви мани пред раѓањето, благодарение на подобрените технологии за пренатално снимање. Ехокардиографија на фетусот е едноставна, неинвазивна дијагностичка метода слична на ултрасонографија и може да се користи по 16-та гестациска недела од бременоста. Овозможува детален преглед на срцето на бебето додека е во утробата, без никаква штета за мајката или за бебето. Доколку се открие каков било проблем, искусниот медицински тим е добро подготвен со план за лекување дури и пред раѓањето.
Целосен спектар на грижа за детското срце и напредни хируршки опции
Некои срцеви мани кај децата може да се третираат без операција. Катетеризацијата на срце е уште едно поле во развој во последните неколку години. Овозможува решавање на некои структурни срцеви мани преку транскатетерски пристап наместо со традиционална операција. Интервентните процедури ја елиминираат потребата од отворена операција. Стеснетите вени или артерии може да се отворат со балон ангиопластика; отворите меѓу срцевите комори може да се затворат, па дури и пулмоналните залистоци може да се заменат со помош на специјални апарати. Во Аџибадем се изведуваат напредни интервентни процедури од мошне искусни детски кардиолози со високи стапки на успешност. Секогаш кога е можно, тие избираат минимално инвазивни пристапи за намалување на болката, период на закрепнување и престој во болница за малите пациенти.
Кога е потребна операција, се користат најновите техники и технологии. Во Центарот за детски срца Аџибадем рутински се изведуваат сите видови детски кардиохируршки операции, со посебен фокус на сложените операции на вродени и неонатални состојби на срцето. Се применуваат отворени или затворени, како и минимално инвазивни методи во зависност од конкретните случаи на пациентите. Софистицираната технолошка опрема им помага на лекарите да дојдат до најдобри можни резултати. Кај одредени пациенти, срцевите аномалии може да се елиминираат и со роботска хирургија. По операцијата, децата се примаат на Одделението за детска интензивна нега, опремено со најнови достапни системи за следење и грижа од искусни специјалисти и медицински сестри.
Обединети за спасување на срцата
За да биде ефективен, не е доволно да биде само хирург од светска класа. На вистински детски кардиохирург му треба тим од добро обучени професионалци од сите поврзани медицински специјалности.
Општо е познато дека сеопфатните услуги обезбедени од мултидисциплинарни тимови во добро опремени специјализирани институции даваат најдобри резултати за децата со срцеви заболувања. Тимовите за грижа на детските срца од болниците „Аџибадем Бакиркој“ и „Аџибадем Атакент“ во Истанбул вклучуваат искусни лекари по педијатриска кардиологија, детска кардиоваскуларна хирургија, анестезија и интензивна нега, снимање и радиологија на срце, неонатологија и рехабилитација. Сите вложуваат повеќегодишни напори за подобро да ги разберат специфичните физички и емотивни потреби на малите срцеви пациенти.
Лекувајќи повеќе од 600 пациенти од многу земји ширум светот секоја година, вклучително и случаи кои се сметаат премногу сложени за други центри за срце, тие акумулираат големо знаење и искуство. Тоа резултира со стапка на успешност од над 95%, вклучувајќи и сложени случаи.
Повеќе информации на следниот линк https://www.acibadem.mk