СО АВТОМОБИЛОТ МОЖЕ ДА СИ ЈА ОСВЕТЛИТЕ КУЌАТА Видео со нов бисер на Бајден

Мислите дека се шегувам, но не, буквално е така – рече Бајден, додека публиката се смееше.

375

Видео снимка на која американскиот претседател Џо Бајден вели дека батериите станале толку моќни што со електричните автомобили може да се напојуваат со струја домаќинствата, стана вирално на социјалните мрежи.

– Кога поради гром ќе ви снема струја, можете да го приклучите автомобилот и да имате струја за куќата. Мислите дека се шегувам, но не, буквално е така – рече Бајден, додека публиката се смееше.






Бајден ова го кажа во говор на настан организаиран од иницијативата ИТПЦ (Infrastructure Talent Pipeline Challenge) во средата.

Видеото досега е прегледано повеќе од 400.000 пати, откако беше објавено на Твитер.

Поврзани содржини