ВО КОИ НАСЕЛБИ УТРЕ ЌЕ НЕМА СТРУЈА Планирани зафати на мрежата
Прекинот во снабудувањето е поради планирани ехнички зафати во електродистрибутивната мрежа, известија од „ЕВН Македонија"
Поради планирани технички зафати во електродистрибутивната мрежа на „ЕВН Македонија” утре без струја ќе бидат делови од општините Аеродром, Чаир, Чучер Сандево и Сарај.
Како што информираат од РЦУК во период од 08:30 до 11:30 часот без електрична енергија ќе бидат корисниците од ул. „1613″ кај „Стокомак” и новата зграда на АД СИССДП во населба Лисиче во Општина Аеродром, а од 09:00 до 12:00 часот дел од улиците „Славеј Планина” и „380″ во реонот зад Бит Пазар во Општина Чаир.
Прекин во снабдувањето со струја од 09:00 до 14:30 часот ќе имаат дел од корисниците од село Глуво во Општина Чичер Сандево и дел од село Радуша – кај пумпите за вода во Општина Сарај.
Во периодот од 09:00 до 15:00 часот без струја ќе бидат дел од корисниците село Долно Блаце во Општина Чучер Сандево.