ПОЧИНА ЏЕРИ ЛИ ЛУИС Иконата на рокенролот

Музичарот се смета за еден од основоположниците на рокенролот, а магазинот „Ролинг стоун“ го вклучи меѓу 100 најдобри изведувачи на сите времиња.

238

Џери Ли Луис, легендата на рокенролот, почина на 87-годишна возраст, потврди неговиот портпарол.

Тој се смета за еден од основоположниците на рокенролот, а магазинот „Ролинг стоун“ го вклучи меѓу 100 најдобри изведувачи на сите времиња.






Тој е еден од првите музичари што го промовираа рокенролот како нов правец во популарната музика во 50-тите години на минатиот век.

Џери Ли Луис беше тешко болен и пред два дена се појави лажна вест за неговата смрт. Тој имаше здравствени проблеми, а иако пред неколку дена се појави лажна вест за неговата смрт, овој пат, за жал е вистина.

Џери Ли Луис самиот себе се нарекувал „The Killer“ (Убиец), а беше еден од последните преживеани од генерацијата револуционерни изведувачи, меѓу кои, Елвис Присли, Чак Бери и Литл Ричард.

Првиот настап го имал со само 14 години, а во средината на 50-тите станал вистинска ѕвезда.

Најголемиот хит на Луис беше „Големите огнени топки“ (Great Balls of Fire), а неговиот живот, исполнет со контроверзи, беше раскажан во истоимениот филм од 1989 година, во која улогата на музичарот ја толкуваше познатиот холивудски актер Денис Квејд.

ФОТО: Твитер

 

Поврзани содржини