МИЦКОСКИ ЌЕ ИМ ДАДЕ ПОДДРШКА НА МАКЕДОНЦИТЕ ВО БЛАГОЕВГРАД Тој не верува дека Пендаровски не бил поканет

Во врска со тоа што премиерот Ковачевски нема да оди, а претседателот Пендаровски вели дека не бил поканет, Мицкоски истакна дека не верува во тоа што го кажуваат и дека ова е можност да се покаже политичко единство, но дека тие двајца одлучиле да служат на туѓи интереси.

157

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, ќе оди на отворањето на македонскиот клуб во Благоевград за да им даде поддршка на Македонците во Бугарија, да им даде до знаење дека Македонија стои позади нив и дека ВМРО-ДПМНЕ нема да се откаже и ќе ги штити нивните интереси.

– Немаме ние антибугарско расположение, ние имаме промакедонско расположение. Очекувам да помине во духот на пријателството помеѓу двата народа, македонскиот и бугарскиот. Одиме таму да ги поддржиме нашите во Бугарија, да дадеме поддршка како ВМРО-ДПМНЕ, јас како претседател на најголемата политичка партија, да ги охрабриме дека нивната матична држава Македонија стои позади нив и дека ќе ги брани и штити нивните интереси и дека ние како ВМРО-ДПМНЕ немаме намера да се откажеме од нашите браќа од таа страна на границата – рече Мицкоски пред денешниот настан „Политички дијалог на ЕПП – партиите од регионот во хотелот Хилтон“.

Во врска со тоа што премиерот Ковачевски нема да оди, а претседателот Пендаровски вели дека не бил поканет, Мицкоски истакна дека не верува во тоа што го кажуваат и дека ова е можност да се покаже политичко единство, но дека тие двајца одлучиле да служат на туѓи интереси.






– Ова беше можност да се покаже политичко единство, но за жал тие кои имаат полна уста за единство за обединување требаше со нас да одат таму и да ги стегнат рацете на Македонците во Бугарија кои се одважија и ги поканија политичарите во Македонија. Ако сум бил јас поканет сигурно е и тој поканет, но навикнати сме на такво однесување. Жалам што не се надминаа себе си, жалам што остануваат да бидат слуги за туѓи интереси, а не на сопствениот народ. Јас сум убеден дека македонскиот народ знае на следните избори гласно да зборува кому да ја даде довербата – потенцираше Мицкоски.

Поврзани содржини