100.000 ДЕНАРИ ПОМОШ ЗА ПЛАНИНАРИТЕ Видеолотарија го спонзорираше планинарскиот клуб „Фри Хајкерс“

Со 100.000 денари, Видеолотарија Касинос Австрија ги поддржа активностите на планинарски клуб Фри Хајкерс. Љубителите на планинарењето со финансиските средства од ова спонзорство добија ново катче, планинарски дом во Горни Дисан, Неготино.

71

Видеолотарија Касинос Австрија со 100.000 денари го спонзорираше планинарскиот клуб Фри Хајкерс.

Со 100.000 денари, Видеолотарија Касинос Австрија ги поддржа активностите на планинарски клуб Фри Хајкерс. Љубителите на планинарењето со финансиските средства од ова спонзорство добија ново катче, планинарски дом во Горни Дисан, Неготино. Планинарскиот дом го носи името на големиот хуманитарец дедо Иљо Јанчев.






Претседателот на домот, Ахмед Муратов од планинарски клуб Фри Хајкерс изрази голема благодарност до Видеолотарија Касинос Австрија за препознавањето на нивната идеја, која е од огромно значење за планинарите. Според него, новиот планинарски дом ќе може да прими околу 40 лица за ноќевање. Ќе функционира како збиралиште на планинарите.

Видеолотарија Касинос Австрија како модерна и општествено одговорно компанија продолжува да ги негува заложбите за подобра заедница.

Поврзани содржини