АВТОБУСИТЕ СЕ ПАРКИРАА ПРЕД ВЛАДА Директорот на ЈСП го обвинил пред сите за бомбата: Африм ќе видиш што ќе ти се случи

Африм ќе видиш ти што ќе ти се случи за ова што го направи денеска - ми рече директорот кој место да ме повика да седнеме да разговараме, мудро си молчи.

919

Пред владата пристигнаа неколку автобуси на ЈСП „Скопје“ и го блокираа булеварот, каде се одржува протестот на вработените на јавниот градски превозник.

Во изјава за медиумите претседателот на Независниот возачки синдикат при ЈСП, Африм Муча рече добил вербални закани од в.д. директорот на ЈСП „Скопје“, Александар Стојковски обвинувајќи го дека тој го предизвикал инцидентот со дојавата за бомба во некој од градските






– Дојдовме во 7.30 заедно со колегите по дојавата за бомба. Само што стигнав, имав еден мал инцидент со директорот Александар Стојковски кој јавно пред службените лица ме обвини дека јас сум тој за целосната ситуација што денеска се случи, дека сум бомбаш. Голем срам еден директор да го изговори тоа. Утре ќе го му поднесам пријава за клевета затоа што јас немам ништо со тоа – рече Муча.

– Африм ќе видиш ти што ќе ти се случи за ова што го направи денеска – ми рече директорот кој место да ме повика да седнеме да разговараме, мудро си молчи. Не даде објаснување од каде му е информацијата, јас се упатив кон него, но полицијата не ми дозволи да му се доближам и тој си замина во канцеларија – рече Муча пред новинарите на штрајкот на возачите пред базата во Автокоманда.

Тој рече дека денеска автобусите ќе возат откако ќе им се извршат проверки од службениците на МВР, но утре сигурно не, ако до попладне не добијат плата.

– Градот Скопје и Данела добија плата, а ние немаме плата. Како што таа има деца и ние имаме деца. Се доцни со една плата, но не е првпат. Во јули чекавме ребаланс на буџетот и некако издржавме по разговорите со менаџментот. Тогаш се согласивме со ветување да не се случи пак. Градот зема плати, а ние не можеме. Треба да се исплатат луѓето, си ја одработија платата – додаде Муча.

„Кога се доведовме во ситуација македонскиот работник во очај, во безизлезност, не можејќи да ја прехрани својата фамилија, да се заканува по неговиот живот и животот на другите, тогаш ние како држава и Град Скопје го допревме дното“, вели претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ), Дарко Димовски, коментирајќи ја заканата од вработен во ЈСП дека ќе постави бомба во еден од автобусите затоа што немаат земено плата поради што утрово главниот град остана без градски превоз.

– Не смееме да си дозволи ваква ситуација, посебно во јавниот градски превоз, кој го опслужува целиот Град Скопје и да се доведеме полицијата да ги проверува автобусите зашто некој што го основал ова претпријатие не ни дал плата за да може да ги прехраниме нашите фамилии и таа плата да е заслужено сработена – рече Димовски.

Тој, како и претседателот на Конфедерацијата на слободни синдикати (КСС), Благоја Ралповски, денеска застана зад синдикалните организации во ЈСП упатувајќи заеднички апел на вработените да им се исплатат септемвриските плати, за кои законскиот рок беше до 15 октомври.

Поврзани содржини