УНИШТУВАЛ ДОКУМЕНТИ БЕЗ ДОЗВОЛА Кривична пријава за управник на поштенска експозитура

Во текот на 2021 година К.Л.(59) од Скопје самоволно придонел за уништување на документиран службен материјал за 2018 година – се вели во пријавата.

652

Управник на поштенска експозитува се гони за неовластено уништување и прикривање документи – информира СВР Скопје.

Единицата за економски и компјутерски криминал поднела кривична пријава против К.Л.(59) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,уништување или прикривање на необработен архивски материјал”.






Пријавениот, управник на експозитура во АД „Пошта на Северна Македонија”, во текот на 2021 година самоволно придонел за уништување на документиран службен материјал за 2018 година без да има дозвола и одобрение добиени од Државниот архив на Република Северна Македонија за уништување на предметниот службен материјал – се вели во информацијата од СВР Скопје.

Поврзани содржини