И ДА ВРНЕ И ДА ВЕЕ…. Бебињата во Данска спијат надвор (ВИДЕО)

Се вели дека свежиот воздух ги одржува бебињата здрави и им помага подобро да спијат. Дремењето на бебињата во количките во скандинавските земји е дозволено во сите временски услови.

200

Дали би го оставиле вашето бебе да спие надвор? Во скандинавските земји ова е вообичаена појава. Родителите често влегуваат во кафулињата и уживаат во топол пијалак додека количките со заспаните бебиња ги оставаат надвор.

Токму ова е сценариото прикажано во виралното видео на една мајка објавено на TikTok. Корисникот @annieineventyrland објаснува дека е вообичаено бебињата во Данска да спијат надвор без оглед на времето. Ова е и препорака на медицинските сестри и акушерките во таа земја.






Повеќе за ова на порталот „Мајка и дете“.

Поврзани содржини