ИМААТ ЛИ ПРАВО ДА СЕ НАРЕКУВААТ МАЖИ? НЕ! Кадиров удри по дезертерите (ВИДЕО)
Имаат ли тие право да се нарекуваат мажи? Не! Дали имаат чест? Не! Имаат ли чувство за достоинство? Не! Имаат ли морални вредности? Не!, напиша Кадиров на Телеграм. Конечно разберете дека со помош на фашистите кои дејствуваат во Украина, тие сакаат да ја уништат нашата земја. А тоа значи дека нашата татковина е во опасност. Десетици милиони Руси немаат поим колку пати нашата земја била загрозена во последните 20 години. И само благодарение на јасниот и компетентен претседател Владимир Путин, тие (фашистите) не успеаа, вели чеченскиот лидер.
Чеченскиот лидер Рамзан Кадиров уште еднаш остро ги критикуваше Русите кои не сакаат војна во Украина преку апликацијата Телеграм, пренесува Б92.
„Имаат ли тие право да се нарекуваат мажи? Не! Дали имаат чест? Не! Имаат ли чувство за достоинство? Не! Имаат ли морални вредности? Не!“, напиша тој.
„Луѓе, мислите дека бегате од смртта?“, додава Кадиров на Телеграм велејќи дека смртта за татковината треба да биде посебна чест.
„Конечно разберете дека со помош на фашистите кои дејствуваат во Украина, тие сакаат да ја уништат нашата земја. А тоа значи дека нашата татковина е во опасност. Десетици милиони Руси немаат поим колку пати нашата земја била загрозена во последните 20 години. И само благодарение на јасниот и компетентен претседател Владимир Путин, тие (фашистите) не успеаа“, рече чеченскиот лидер.
Тој додава дека дури и ако проруските сили ги напуштат сите региони, вклучувајќи го и Крим, Западот ќе продолжи да врши притисок врз Русија.
„Ви давам збор, ако не ги браниме нашите интереси, тоа ќе заврши лошо за сите Руси. Ќе ги изгубиме суверенитетот и независноста на Русија, а непријателите ќе ни дојдат во сите домови. Одлучете сами. Ние, Чеченците, ќе ја бранимњ нашата земја и ќе ја исполнимњ наредбата на претседателот на државата“, рече Кадиров.