КАКО СЕ УХЛЕБИЛЕ СОПРУГАТА И БАЛДАЗАТА НА БОЧВАРСКИ? Опозицијата бара Антикорупциска да го истражи случајот

Стоилковски побара одговори од ДКСК за тоа дали е точно дека сопругата на Бочварски и нејзината сестра се вработени како општи докторки на специјалистичките оддели на Интерна и на Педијатрија во Клиничка болница - Штип, со дозвола на директорот на болницата, член на СДСМ, Ален Ѓорѓиев.

171

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) мора да отвори постапка за испитување на вработувањето на сопругата и сестрата на сопругата на министерот Благој Бочварски во Клиничката болница – Штип, изјави денеска Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

– Според јавно достапни информации, сопругата на Бочварски и нејзината сестра, двете во ист ден, без оглас, биле вработени во штипската болница. Се работи за општи доктори коишто немаат ниту шестмесечен стаж по дипломирање, а се вработени во специјалистичките оддели на Интерна и на Педијатрија во Клиничката болница – Штип. Министерот Бочварски се венча во мај годинава, а еден месец потоа, неговата сопруга и нејзината сестра се вработуваат под државна капа. Постојат силни индиции дека станува збор за непотизам, за злоупотреба на позиција, за изигрување на системот за вработување без оглас – рече Стоилковски.






Тој побара одговори од ДКСК за тоа дали е точно дека сопругата на Бочварски и нејзината сестра се вработени како општи докторки на специјалистичките оддели на Интерна и на Педијатрија во Клиничка болница – Штип, со дозвола на директорот на болницата, член на СДСМ, Ален Ѓорѓиев.

– Дали е точно дека сопругата на Бочварски и нејзината сестра се ухлебени во штипската болница речиси директно „од клупа, со неполни три месеци стаж во приватна здравствена установа? Дали е точно дека сопругата на Бочварски и нејзината сестра се вработени во ист ден во штипска болница без оглас распишан од болницата? Дали Благој Бочварски ја злоупотребил својата позиција како министер за да го изигра системот и без распишан оглас неговата сопруга и нејзината сестра да се вработат во штипската болница – прашува Стоилковски.

Поврзани содржини