КОВАЧЕВСКИ НА СРЕДБА СО АМЕРИКАНСКИОТ ЕВРЕЈСКИ КОМИТЕТ Биле повторени заложбите за внесување на еврејската заедница во Уставот
На состанокот, како што информира владината прес-служба, било изразено задоволство од успешната соработка меѓу Република Северна Македонија и Американскиот еврејски комитети и уште еднаш биле повторени заложбите за внесување на еврејската заедница во Уставот на Република Северна Македонија.
На средбата е оценето дека билатералните односи меѓу Република Северна Македонија и Израел се на високо ниво и дека постои голем потенцијал за продлабочување на соработката во областа на безбедноста, економијата, трговијата, но и во енергетиката, земјоделството, стратапите и технологијата.