ПОСЛЕДЕН ПОЗДРАВ ЗА АМБАСАДОРОТ НАЗИФИ Комеморација по повод неговата смрт во Министерството за надворешни работи

Амбасадорот Назифи почина ненадејно во Берлин на 3 септември на 60-годишна возраст, а беше погребан во неговото родно место Радуша на 7 септември.

127

Во Министерството за надворешни работи денеска ќе биде одржана комеморација по повод смртта на амбасадорот на Северна Македонија во Берлин, Рамадан Назифи.

Комеморацијата ќе се одржи во амфитеатарот на Министерството со почеток во 12 часот.






Амбасадорот Назифи почина ненадејно во Берлин на 3 септември на 60-годишна возраст, а беше погребан во неговото родно место Радуша на 7 септември.

Рамадан Назифи ја почнал дипломатската кариера во 1995 година. Работел во повеќе директорати на Министерството за надворешни работи. Првиот дипломатски ангажман во странство му бил аташе во македонската Амбасада во Бон, а бил и министер-советник во Амбасадата во Берлин.

Од 2009 до 2013 година беше амбасадор во Швајцарија, а од 2019 година ја извршуваше амбасадорската функција во Германија.

Поврзани содржини