ПЕТ БРОДОВИ СО ЖИТО ИСПЛОВИЈА ОД УКРАИНА Турција ги надгледува испораките

Турција, Обединетите Нации (ОН), Русија и Украина на 22 јули во Истанбул потпишаа договор за обновување на извозот на жито од три украински пристаништа на Црното Море.

97

Уште пет бродови со жито испловија утрово од украинските пристаништа, соопшти турското Министерство за одбрана, јави турската новинска агенција Анадолија.
Турција, Обединетите Нации (ОН), Русија и Украина на 22 јули во Истанбул потпишаа договор за обновување на извозот на жито од три украински пристаништа на Црното Море. Тие беа блокирани поради војната во Украина.
Во Истанбул е воспоставен Заеднички координативен центар со официјални лица од трите земји и од ОН, кои ги надгледуваат испораките.

Поврзани содржини