ПОЧИНАТО ЛИЦЕ ВО ДВОРОТ НА СТУДЕНТСКИОТ ДОМ „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Полициските екипи го расчистуваат случајот
Според Курир станува збор за 30-годишно лице и засега не е позната причината за смртта.
Починато лица утрово е пронајдено во кругот на студентскиот дом „Гоце Делчев“, објави Курир. Според порталот станува збор за 30-годишно лице и засега не е позната причината за смртта.
На теренот на увид се полициските екипи и работат на расчистување на случајот. Од МВР потврдуваат дека имаат пријава утринава за починато лице. Додаваат дека телото е дадено на обдукција.