ОБВИНЕТИТЕ ЗА УБИСТВОТО НА ДЕНИС ТОТ ЌЕ ВЛЕЗАТ ВО СУДНИЦА Судењето ќе го води судијката Елена Илиевска-Јосифовиќ
Ракометарот на РК Бутел беше претепан до смрт од обвинетите Анџело Ѓоргиевски од Волково, Клементина Левковска од Драчево и од Андреј Костовски од Ново Село.
Судењето за убиството на хрватскиот ракометар Денис Тот пред летната скопска дискотека „Привилиџ“ започнува на 5 септември, потврди Кривичниот суд.
Ракометарот на РК Бутел беше претепан до смрт од обвинетите Анџело Ѓоргиевски од Волково, Клементина Левковска од Драчево и од Андреј Костовски од Ново Село.
Во моментов тие се во притвор и го чекаат почетокот на рочиштето откако на 7 април го нападнаа Тот и го доведоа до коматозна состојба, по што беше констатирана смрт.
Судењето ќе го води судијката Елена Илиевска Јосифовиќ.