НЕКОЛКУ ЧАСА БИЛЕ ЗАРОБЕНИ ВО ТУНЕЛОТ ЛА МАНШ Невообичаен инцидент во воз што превезувал патници
Според снимките што се појавија на социјалните мрежи, патниците морале да ги напуштат своите возила, го напуштиле возот и биле евакуирани пеш преку тунел за вонредни ситуации.
Десетици луѓе биле заробени неколку часа во тунелот под Ла Манш откако запрел возот што патувал од Кале до Фокстон, јави Би-Би-Си.
Според снимките што се појавија на социјалните мрежи, патниците морале да ги напуштат своите возила, го напуштиле возот и биле евакуирани пеш преку тунел за вонредни ситуации. Патниците потоа биле транспортирани до терминалот во Фокстон, Кент.
Компанијата која управува со возовите под Ламанш соопшти дека алармите на возот се активирани и дека во тек е истрага.
Портпаролот на Евротунел изјави дека ситуацијата се враќа во нормала и дека таквите инциденти се невообичаени, но не и исклучени. Многу се почести во возовите што превезуваат камиони, отколку оние со приватни автомобили.
Сите патници ќе бидат контактирани од компанијата за да се договори надомест.
Со 37,9 километри ова Ла Манш е најдолг подводен тунел во светот.