ПО БОМБИТЕ, НА КРИМ „ЕКСПЛОДИРАШЕ“ ТОРНАДО Вртлог од песок и прашина се дигна над полуостровот (ВИДЕО)

Видеото предизвика бурни реакции на социјалните мрежи, бидејќи ваквото време на Крим не е вообичаено.

503

Страшно видео од торнадо кое го зафати полуостровот Крим, токму во истата област Саки каде во воена база одекнаа експлозии пред неколку дена, стана вирално на социјалните мрежи. Засега нема жртви во кафеавиот вител полн песок.

„Нема жртви при минување на торнадото низ Новоозерноје во областа Саки“, соопшти Министерството за вонредни ситуации на Крим.

 






Пријавени се штети во фарма за остриги, каде е оштетен покривот на една од зградите, а оштетени се и пет приватни автомобили, пренесува РИА Новости.

Видеото предизвика бурни реакции на социјалните мрежи, бидејќи ваквото време на Крим не е вообичаено.

Потсетуваме дека во последните десет дена на Крим беа регистрирани серија експлозии. Последната во низата се случи утринава, во близина на главната воздухопловна база Белбек, северно од Севастопол. Прорускиот гувернер на Севастопол, Михаил Развозаев, изјави дека нема штета и нема повредени.

Претходно, руско складиште за муниција во северен Крим експлодираше на 16 август, во инцидент што руските власти го припишуваат на „саботажа“. Истиот ден, во областа Џанкој експлодираше електрична трафостаница, чија причина е непозната. Воздухопловната база Саки беше погодена од експлозии на 9 август, кога беа уништени најмалку девет воени авиони, вклучувајќи ловци Су-30СМ и бомбардери Су-24М.

Поврзани содржини